Познатата дизајнерка Вера Ванг и шпанскиот бренд за венчаници „Проновиас“ од сега заедно на светскиот пазар за невестински фустани.
Тие неодамна ја презентираа нивната прва заедничка колекција насловена како „Vera Wang Bride“. Вкупно 60 креации со потпис на 73 годишната дизајнерка за „Проновиас“ се претставени, а цената се движи од 1.600 до 4.000 долари. Дел од венчаниците се со рачна изработка, имаат тантела, корсети, впечатливи детали, но има и такви со посмирена естетика.
Договорот е потпишан на 10 години, вест што беше најавена уште пред неколку месеци, па ќе биде интересно да се види во која насока Ванг ќе го однесе шпанскиот бренд, имајќи ја предвид нејзината авангардност и нежноста на „Проновиас“.