Џошуа значително потежок од Усик пред одбраната на титулите

Џошуа значително потежок од Усик пред одбраната на титулите

пред 3 години

Ентони Џошуа е дури 8 килогрмаи потежок од својот украински предизвикувач Олександер Усик пред одбраната на титулите во тешка категорија пред утрешната пресметка на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Бритаецот Џошуа, кој е носител на ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО титулите во тешка категорија, имаше 108.9 килограми на последното мерење, додека Усик, како поранешен шампион во крузер категорија има 100 килограми, што, сепак, е неговата најголема тежина во кариерата.

Џошуа има 24-1 скор во тешка категорија, додека Усик има 18-0 скор со дури 13 нокаути. За разлика од други презентации во кои имаше конфликт и предизвикување меѓу ривалите, мерењето помина во пријателска атмосфера, со ракувања и насмевки.

Share
Scroll to Top