Прилепчанец загина по пад од јаболкница

пред 5 години

Во попладневните часови на 27 септември во прилепската полиција било пријавено дека во прилепското село Крстец, до дрво во дворно место од семејната куќа бил пронајден починат 70-годишниот К.Т.

Од екипа на итната медицинска помош била констатирана смрт, а на телото биле забележани повреди, најверојатно здобиени при пад од дрвото, бидејќи во текот на денот 70-годишникот бил виден како бере јаболка.

Увид на местото извршила екипа од прилепската полиција, а по наредба на јавен обвинител над телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Share
Scroll to Top