(Видео) Протести во Љубљана – полицијата употреби водени топови

пред 3 години

Во центарот на Љубљана се уште се одржуваат протести против задолжителната вакцинација против Ковид-19 и потврдите за Ковид.

Трета среда по ред, илјадници луѓе незадоволни од владиното управување со епидемијата се собраа пред зградата на парламентот во центарот на градот.

Полицијата објави дека протестот, како и претходните два, не е пријавен, поради што за безбедноста се грижат зголемен број на полицајци, особено затоа што претохниот собир заврши со немири и напади врз припадниците на редот, пренесе агенцијата ХИНА.

Протестот започна околу 13 часот и се одвива без немири, а полицијата изјави дека имала неколку информативни разговори со учесниците, ги повикала да го почитуваат законот за јавни собири и предупреди дека просторот пред парламентот е под видео надѕор.

Протестот, на кој присуствуваат членови на здруженија против вакцинација, како и луѓе кои велат дека не се против вакцинација, туку дека се работи за личен избор и прашање на слободна волја, започна со „минута молк“ во сеќавање на 20-годишна девојка која почина утрово, после мозочен удар, две недели откако беше вакцинирана со вакцина на „Џонсон и Џонсон“.

Share
Scroll to Top