Aмериканскиот претседател, Џо Бајден вчера телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и нагласил дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, објави денеска на својот официјален твитер-налог американската амбасадорка, Кејт Мари Брнз.
.@POTUS stressing to @vonderleyen that the EU accession process should continue for Western Balkans countries, including ??, underscores its importance to regional stability, growth & prosperity. https://t.co/fN6MWg3hZL.
— Ambassador Kate Byrnes (@USAmbNMacedonia) October 5, 2021
„Бајден и нагласил на Фон дер Лаен дека процесот на проширување треба да продолжи со земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, подвлекувајќи го неговото значење за регионалната стабилност, развој и просперитет“, посочи на „Твитер“ амбасадорката Брнз.