Муцунски по примерот на Словенија ќе ја прави Аеродром зелена општина

пред 3 години

Во Словенија се сретнав со Претседавачот на Европскиот совет за животна средина и Министер за животна средина и просторно планирање на Република Словенија Андреј Вижјак. Тој ни вети помош и поддршка во креирањето на Општина Аеродром во зелена општина, поддршка за сите еко проекти кои ги имаме во програмата!, информира преку соопштение Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и кандидат за градоначалник на општина Аеродором.

„Словенија е најдобар пример за зелена нација која инвестира многу во животната средина и за нас овој состанок е идеален за да придонесеме во развој на Општина Аеродром“, додаде Муцунски.

„Ќе го земеме примерот од нашите пријатели од Словенија за развој и дигитализација и ве уверуваме дека ќе имаме поддршка од нив во сите проекти со што Аеродром ќе го направиме најубава општина. Додека некој се занимава со навреди, некој работи за иднината на Општина Аеродром. Време е сите заедно да создадеме нова, зелена иднина!“, вели Муцунски.