Павле Трајанов предлага темелни реформи на изборното законодавство

пред 2 години

Повеќе пратеници иницираат средба на која треба да се разговара за реформи на изборното законодавство, информира Павле Трајанов, пратеник од партијата Демократски сојуз.

„Наскоро пред пратениците ќе биде доставен предлог за избор на нова Влада и Програма за работа на владата во периодот 2022–2024 година“, објаснува тој.

Трајанов предлага еден од врвните приоритети да бидат темелните реформи на изборното законодавство.

„Да се подготви нов Изборен законик во кој ќе се дефинираат основи за рамноправен политички натпревар, да се елиминираат системските предности за четирите ‘големи партии’, потоа Македонија да биде една изборна единица со пропорционален модел и без изборен праг.

Новите изборни правила да се донесат најдоцна до крајот на февруари, но измените на Изборниот Законик кои се во собраниска постапка да се донесат до 15 јануари 2022 година“, предлага лидерот на Демократски сојуз.

Заради градење заеднички и усогласен став тој бара да се одржи работна средба, по можност во понеделник (13 декември), со почеток во 13 часот.

Share
Scroll to Top