25 санкционирани возачи за затемнети стакла

пред 3 години

Во периодот од 04.10.2021 до 11.11.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 25 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, соопшти МВР и апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.

Share
Scroll to Top