Зверев го победи Мареј

Зверев го победи Мареј

пред 3 години

Познати се сите учесници во осмина-финалето на Мастерсот во Индијан Велс. Изминатат ноќ, пласман во четвртото коло, изборија Александар Зверев, Гаел Монфис, Стефанос Циципас и Алекс Де Минор.

Третиот носител Зверев, во интересен меч го победиа Енди Мареј со 6:4, 7:6. Британецот пропушти можност за победа, во двата сета прв доаѓаше до брејк. Во првиот дојде до 3:0, но до крајот Зверв освои шест, а тој само еден гем.

Во вториот сет, Мареј, два пати и имаше брејк предност, но не успеа да избори трет сет.

Германецот во осмина-финалето ќе игра против Монфис. Французинот го победи Кевин Андерсон со 7:5, 6:2.

Share
Scroll to Top