Србија ќе гради нов национален стадион за 257 милиони евра

Србија ќе гради нов национален стадион за 257 милиони евра

пред 5 години

Во белградската општина Сурчин ќе се гради нов национален стадион, чија изградба ќе чини 257 милиони евра“, откри Божидар Бојовиќ од Урбанистичкиот завод на Белград. Тој говореше на настанот на кој беше претставен дизајнот на новиот стадион, кој најверојатно ќе се вика „Србија“.

„Стадионот ќе се протега на површина од 114 хектари и ќе биде еден од најмодерните стадиони во Европа, а ќе мора да исполни прецизните и строги стандарди на УЕФА и ФИФА“, изјави Бојовиќ.

Тој рече и дека стадионот ќе има капацитет од 52.000 гледачи, а се очекува да биде завршен до 2025 година.

Share
Scroll to Top