(Фото) Елена Ристеска ја прогласија за најдобар македонски уметник во Истанбул

(Фото) Елена Ристеска ја прогласија за најдобар македонски уметник во Истанбул

пред 3 години

Елена Ристеска во Истанбул ја доби наградата за „Најдобар македонски уметник“. Пејачката се појави на церемонијата Best of Rumeli 2021  која се одржува во Турција.

Елена објави фотографија со познатата Ханка Палдум, која беше прогласена за „Најдобар босански уметник“ и Биг Мама која ја доби наградата за „Најдобар албански уметник“.

Организаторот на фестивалот вели дека овие награди претставуваат најсилен мост кој ја поврзува Анадолија и балканскиот свет.

Свеченоста се одржа синоќа во салата „Џамал ​​Решит Реј“ во организација на Здружението на Балканската асоцијација Румелија под покровителство на Медиа Груп Демирен. Некои од наградените излегоа на сцената и пееја песни како дел од церемонијата.

Share
Scroll to Top