Викенд хороскоп за 30 и 31 октомври: Девицата да не си става сè при срце, вагата да не ја отфрла одговорноста

Викенд хороскоп за 30 и 31 октомври: Девицата да не си става сè при срце, вагата да не ја отфрла одговорноста

пред 3 години

Овен
Ви недостасува организација, а не енергија, па затоа делувате хаотично и се префлате од една на друга работа. На овој начин нема да стасате никаде, најдобро е да направите некој нов систем на работа.

Бик
Организираност, смиреност и оптимизам. Тоа ви треба денес. Времето нема да ви стаса за сè, но барем направете го најважното. А за тоа што нема да успеете да го завршите побарајте помош од соработниците.

Близнаци
Најважни проблеми за вас ќе бидат личните проблеми. Комуницирајте со другите, сослушајте ги и проценете. Имате човек со кого можете да ја споделите вашата вознемиреност и да добиете позитивен одговор. Најважно е да процените кој е човекот.

Рак
Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите. Денес бидете винимателни и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.

Лав
Најверојатно ќе ја зачудите околината со вашите реакции. Во момент кога очекуваат да сте спокојни, трпеливи и деликатни вие ќе реагирате апсолутно директно па дури и напаѓачки. А тогаш кога би требало да бидете такви, ќе одговорите со насмевка. И така е најдобро.

Девица
Не ги ставајте на срце советите од страна. На професионален план следете ги правилата, а на личен план почитувајте ги желбите на блиските. Ве очекува бурен период, постапувајте промислено.

Вага
Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.

Шкорпија
До предпладне времето ќе ви биде исполнето со состаноци и контакти. Дел од нив се исцрпувачки и бесполезни. Независно од тоа, сепак ќе го задржите доброто расположение. Имате можност за солидна добивка.

Стрелец
Ќе треба да средите некакви семејни или роднински проблеми. Не ви влијаат директно но ќе треба да вложите напори за да спречите посериозни конфликти. На работното место заостанувате со проектите, искоритете го претстојниот викенд и завршете ги.

Јарец
Кратко патување и маргинална службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни -тоа ќе трае кратко.

Водолија
Желбите ви се нејасни, намерите – уште повеќе. Денес сте склони да се движите во тек со работите. На личен план е добро да работите индивидиуално, додека за службените прашања е најдобро да се консултирате со вашите колеги.

Риби
Започнете го денот со ситни задачи. Сериозните ќе бараат многу повеќе концентрација и претежно самостојна работа без мешање од страна. Избегнете ги несаканите контакти. Семејството очекува премногу од вас, не се разочарувајте.

Share
Scroll to Top