Реал со новиот „Бернабеу“ ќе заработува екстра 100 милиони евра годишно

Реал со новиот „Бернабеу“ ќе заработува екстра 100 милиони евра годишно

пред 3 години

Кога минатата година целиот свет го тресеше глобална пандемија на коронавирус, Реал Мадрид започна со модернизација на својот стадион кој го носи името на клупската легенда Сантијаго Бернабеу.

Пред 2 месеци беа завршени работите на тревникот и на трибините, додека опширните работи се уште се во тек. Тука се вклучува монтажа на покрив кој ќе се поместува , модернизација на внатрешноста, но и ново руво за надворешната фасада.

Навивачите сакаат потполно шаренолик дел од стадионот во внатрешноста, со голем избор на содржини, па планирана е изградба на неколку ресторани – конкретно дури 5. Сето тоа би требало да е готово до декември идната година.

За навивачите да не чекаат во ред за да нарачаат храна и пијалок, се подготвува апликација со која сето тоа ќе можат да го нарачаат и да им биде доставено до местото на трибините каде што се сместени.

Сето тоа би ги зголемило приходите во Кралскиот клуб за петпати, па Реал годишно би заработувал 100-тици милиони евра само од тој сегмент.

Share
Scroll to Top