Се соблече гола за „Вог“, но Лејди Гага призна дека имала психички проблеми поради улогата во „Гучи“

Се соблече гола за „Вог“, но Лејди Гага призна дека имала психички проблеми поради улогата во „Гучи“

пред 3 години

По позирањето гола за насловната страница на „Вог“, пејачката Лејди Гага призна и дека имала психички проблеми поради новата улога во филмот „Гучи“. Таа ја игра главната улога на Патрисија Регани.

„Не ја имитирав. Јас навистина станав Патрисија Регани. Една година живеев како неа. Девет месеци зборував со италијански акцент. Никогаш не излегов од улогата“, раскажа Гага за „Вог“.

Таа објасни дека во еден момент сфатила дека излегувањето од улогата би можело да ѝ падне потешко отколку самото влегување во неа.

„По снимањето, прошетав на улиците на Италија и одеднаш ме фати паника. За момент помислив дека сум повторно на сетот“, рече Гага.

За потсетување, Патрисија Регани (72), која 18 години минала во затвор, призна дека не била воодушевена од тоа што нејзиниот лик го глуми Гага и откри дека таа никогаш не дошла ни да ја запознае.

„Не сакав никој да ми зборува за тоа која е Патрисија, дури ни самата таа“, објасни Гага.

„Династијата Гучи“, на режисерот Ридли Скот, ќе почне да се прикаже од следниот месец.

Share
Scroll to Top