(Видео) Леонардо ди Каприо му ја украде девојката на Џеф Безос, милијардерот се закани дека ќе го убие откако ги виде како флертуваат

пред 3 години

Девојката на милијардерот Џеф Безос, познатата водителка Лорен Санчез за време на еден настан била видена како флертува со Леонардо ди Каприо и тоа пред очите на нејзиниот партнер.

Флертот го налути Безос кој јавно му се закани на глумецот дека ќе го убие. Тој објави фотографија на која стои покрај знакот на кој пишува: Опасност. Стрмна карпа, фатален пад“.

„Лео, дојди овде, сакам да ти покажам нешто“, напишал тој на фотографијата.

Неговата реакција наиде на потсмев кај голем број негови пријатели и обожаватели. Тие му порачаа дека џабе му се милијардите кои ги има, затоа што со нив не може да го купи женското срце.

„Ниту со целото богатство кое го имаш, не можеш да го купиш женското срце. Лео ти ја украде девојката. Го разбирам треперењето на Ди Каприо, но, да бидеме искрени, треба да разговарате со Лорен Санчез за јавниот флерт со други мажи кога е со вас“, му напишаа тие.

Ди Каприо засега се нема огласено по повод овој настан. За потсетување, Безос во 2019 година се разведе од сопругата Мекензи ѝ објави дека е во врска со атрактивната Лорен. Со разводот Безос се збогуваше со 35 милијарди долари што ѝ припаднаа на неговата поранешната сопруга.

Share
Scroll to Top