Акција „Не под тепих“ на кејот на Вардар

пред 3 години

Акција насловена „Не под тепих“  на симболичен начин се обиде да даде поддршка до Државната комисија за спречување корупција, за која велат дека со месеци и години чека другите државни институции да одговорат на нејзините иницијативи.

„Веќе 30 години крупни корупциски случаи, но и безброј секојдневни проблеми на граѓаните, се ставаат под тепих. Вчера го прекинавме овој обичај. Барем симболично, ги извадивме случаите од под тепих. Земете го вашиот „Случај“ и ставете го НАД тепихот. Граѓаните напишаа кој случај прв треба да се извади од под тепих, го напишеа нивниот случај – маката која ја имаат поради корупција, или едноставно оставија празен лист, барем како потсетување повеќе дека проблемите веќе не смеат да се пикаат под тепих“, велат активистите од #kreativnaantikoprupcija кои стојат зад акцијата.

Share
Scroll to Top