КСОМ е против задолжителна вакцинација на вработените

пред 3 години

Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија (КСОМ) е против задолжителната вакцинација за вработените во јавниот и приватниот сектор.

Oд таму сметаат дека неприфатливо е да се наруши слободниот избор на работниците по однос на прашањето за имунизација од Ковид-19.

„Мнозинство од работници се веќе вакцинирани, но постои и дел од вработените кои решиле да не се вакцинираат поради лични или здравствени причини и синдикатот силно го почитува нивниот избор.

Како КСОМ ја поздравивме кампањата и едукацијата на работниците по однос на вакцинацијата, но на крајот секој поединец сам носи одлука за сопственото тело.

Присилната-задолжителна вакцинација е неуставна и доколку истата преиде во фаза на спроведување, КСОМ најавува дека ќе организира синдикални протести и ќе покрене иницијатива пред Уставниот суд со цел да ги заштити членовите на синдикатот кои по сопствено убедуваењ решиле дека не сакаат да се вакцинираат“, се наведува во соопштението на КСОМ.