Пријавата за напад во билетарата на Македонскиот народен театар била лажна, вели Министерството за внатрешни работи по направените проверки. Тие велат дека постапиле на терен, а по евакуацијата на повеќе објекти меѓу кои и државни институции, направиле целосна проверка. Не било утврдено дека има експлозивна направа.
„Ја известуваме јавноста дека МВР ги направи потребните проверки и утврдено е дека пријавата за напад е лажна. Се преземаат мерки за утврдување на пријавата и преземање на соодветни мерки и санкции против личноста која лажно пријавила. Им благодариме на граѓаните за трпението, и на медиумите за професионалниот однос кон ситуацијата“, велат од МВР.
Инаку, пријавата во полиција дојде нeколку минути до 17 часот, кога непознато лице се јавило во билетарата на МНТ. Полицијата ги блокираше сите улици кои водат до објектот на МНТ, а околните згради ги испразни.