На публиката не ѝ се допаѓа новото продолжение на „Сам дома“, велат бил навреда за оригиналот

На публиката не ѝ се допаѓа новото продолжение на „Сам дома“, велат бил навреда за оригиналот

пред 3 години

На публиката не ѝ се допаѓа новото продолжение на филмот „Сам дома“, кој во кината во САД ќе се прикажува од средината на декември. Тие велат дека овој филм бил навреда за оригиналот.

Најновото 6. продолжение на култната божиќна франшиза Home Sweet Home Alone, е всушност римејк на првиот, оригинален филм, но повеќето од гледачите сметаат дека овој филм не му е ни зад петиците. Тој веќе на IMDb заработи серија лоши оцени и лавина од критики.

На IMDb има оценка од 3,5 од 10, а понепопуларен од него единствено бил 4. продолжение Taking Back the House од 2012 година, со оценка 2,9.

„Се обиделе да го прекопираат оригиналот, кој беше класика. Ова е навреда за оригиналниот филм. Ова е нискобуџетен, лошо напишан и лошо изведен обид за снимање на филмот“, напишале разочараните фанови.

Овој филм е толку лош што се изгубив уште во првите 5 минути. Во 10. минута излегов од собата. Направен е за луѓе без коефициент на интелигенција, без смисла за квалитет и хумор“, велат тие.

„Дали е ова хорор филм? Изборот на актери не е лош, но филмот е далеку полош од екипата. Насилството е многу полошо за разлика од оригиналот“, гласи една од критиките.

„Престанете да си играте со нашето детство и нашите спомени и пуштете класици да стојат сами за себе. Престанете да работите римејкови кои се ѓубре како ова. Безвреден е“, рекол друг фан.

Share
Scroll to Top