Царовска: Потпишувањето на договорот за „Хоризонт Европа 2021-2027“ е директна поддршка на науката за развој

пред 3 години

Министерката за образование и наука, Мила Царовска во име на Владата потпиша меѓународен договор со Европската унија за учество на Северна Македонија во рамковна програма за истражување и иновации за периодот од 2021-2027 година.

Со приклучувањето кон оваа програма, земјата добива можност за зајакнување и зголемување на можностите за интернационална и регионалната соработка во делот на науката и иновациите, интернационален пристап во заедничките истражувања, интегрирање на земјата во Европската истражувачка област и исполнување на целите за отворена наука и пристап до информации. Дополнително се отвора пазарот за истражувачи, истражувачка инфраструктура, мобилност и соработката со други земји на ова поле.

Програмата „Хоризонт Европа“ е досега најамбициозната програма на ЕУ со буџет од 95,5 милијарди евра и претставува основен инструмент за финансирање на истражувањата и иновациите на европско и глобално ниво.

Share
Scroll to Top