Три дози од вакцината на „Фајзер“ штитат од омикрон – официјална изјава од појавата на новиот сој

пред 3 години

Фармацевтските компании „Фајзер“ и „Бионтек“ денеска објавија дека нивните три дози од вакцината против коронавирус за време на лабораториски тест покажале дека имаат неутрализирачко дејство против сојот омикрон.

Во првата официјална изјава по појавата на омикрон, производителите рекоа дека по две дози се произведуваат помалку неутрализирачки антитела, но дека бустер дозата ја зголемува одбраната од омикрон, пренесе „Ројтерс“.

Тие додадоа дека, доколку е потребно, може да ја испорачаат вакцината против омикрон до март 2022 година.

Share
Scroll to Top