Инвестирањето во сигурноста на најмладите е мудра одлука

пред 3 години

Нема ништо поважно од иднината на нашите деца. На своите најмили им го посакуваме најдоброто и секој родител сака на детето да му обезбеди почетен капитал со што ќе му го олесни зачекорувањето во светот на возрасните. Додека децата безгрижно растат, време е да штедите и да ја осигурате нивната иднина.

Родителите треба да вложуваат и да ги планираат финансиите за да можат да го овозможат најдоброто за своите деца. Инвестирањето во сигурноста и иднината на најмладите е најмудрата одлука во текот на животот, па се поставува прашањето како и каде правилно да инвестирате, а притоа да имате максимални сигурни придобивки од вашата инвестиција. Со вложување во детско животно осигурување, вашето дете е обезбедено, а воедно и штедите за негова сигурна иднина. Едно е сигурно, треба да се започне што побрзо со осигурување, за да се акумулираат повеќе средства со текот на годините.

Образованието и едукацијата се мост помеѓу соништата на децата и реалноста. Мост кој го поминуваме за да се оствари одговорот на прашањето „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?“. Секој родител сака на своите најмили да им обезбеди квалитетно образование, но квалитетното образование подразбира сериозна инвестиција.

Кроација Осигурување – Живот ви нуди безбеден начин да создадете капитал во насока на обезбедување најдобра иднина за вашето дете. Коко Инвест осигурување на живот претставува единствена можност да ги осигурате своите најмили од ризиците што ги носи детската игра и притоа да заштедите за нивната иднина. Се работи за полиса согласно вашата потреба, која овозможува временски и просторно неограничено осигурување, со можност за остварување на атрактивен принос со умерен ризик и професионално управување со средствата на фондот. Осигурувањето нуди можност за диверзификација на портфолиото по земји, валути и инструменти.

Коко Инвест опфаќа деца на возраст од 1 месец до 13 години, а осигурувањето трае 10 до 25 години (максимум до 25-годишна возраст на детето). Минималната премија за повеќекратна уплата изнесува 300 евра, додека минималната премија за еднократна услуга е 2500 евра. Може да се плаќа месечно, годишно, квартално, полугодишно, годишно и еднократно, а постои можност и сами да избирате инвестициски фонд.

Дополнителни бенефиции се можноста за исплата на осигурената сума во висина од 3 проценти за постигнат одличен успех во средно образование, како и двојна осигурена сума

при несреќен случај на двата родитела на осигуреникот истовремено и исплата на осигурената сума во случај на несакани последици за Договорувачот. Постои и можност за вклучување дополнителни компоненти за осигурување: дополнително осигурување во случај на незгода/повреди и дополнително осигурување во случај на операции.

(ПР текст)

Share
Scroll to Top