ВМРО-ДПМНЕ и Левица повторно пред граѓаните ја покажуваат својата деструктивност и неодговорност со блокирање на измените на Законот за здравствена заштита и шират лаги дека брзата помош во јавните здравствени установи се приватизира, посочуваат од СДСМ.
„Измените на Законот за здравствена заштита во делот со итна медицинска помош ќе овозможат зголемување на ресурсите на брзата помош како и законско регулирање на услугата која со години наназад ја дават приватните здравствени установи.
Законската измена не ги изложува граѓаните на дополнителни финансиски трошоци, туку напротив амбулантните возила на итната медицинска помош на приватните здравствени установи ќе им бидат ставени на располагање на граѓаните, односно итната помош на приватните болници, граѓаните ќе може да ја користат бесплатно“, се наведува во партиското соопштение во кое се додава дека со овој закон се овозможува и граѓаните во руралните средини да имаат достапна и постојана здравствена заштита.