Вo РЕК Осломеј тече испораката на 130 илјади тони јаглен наменети за производство на електрична енергија во комбинатот до април следната година.
Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и членови на Управниот одбор извршија контрола врз процесот на достава на количините, кои се дистирибуираат до депонијата на ТЕЦ Осломеј, каде се носи и одредена количина од преостанатиот јаглен кој се ископува од речиси целосно исцрпените сопствени наоѓалишта.
Набавенот јаглен се носи од рудник во Берово и рудник од Косово и се испорачува со дневна динамика утврдена во договорот со економскиот оператор.
Дополнително се побаруваат уште 180 илјади тони јаглен за РЕК Осломеј и 810 илјади тони за РЕК Битола, за кои количини има отворен повик со важност во текот на целата 2022 година.