Сијарто денеска во работна посета на земјава

пред 3 години

Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто, денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на нашата земја.

Негов домаќин ќе биде министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Во фокус на разговорите ќе бидат севкупните билатерални и економско-трговски односи, како и актуелните политички случувања со акцент на последните заклучоци донесени на декемврискиот Совет за општи работи на Европската унија.

Share
Scroll to Top