Маж на возраст од педесет години, вооружен со нож, зеде две жени како заложници во трговски центар во 12-тиот округ во Париз, јавуваат француските гласила.
На местото на настанот пристигнале силни полициски екипи кои се обидуваат да ги ослободат приведените жени. Целиот округ околу критичното место е затворен за пристап, а градските власти ги повикале парижаните да не доаѓаат во овој дел од градот.
#France The man armed with a knife holding hostage two women in a shop in Paris asked for speaking to the Justice Minister, Eric Dupond @MossadNews @JohnRossomando @rnovoa @Neyrolles75 @Trecy_54 pic.twitter.com/AGmtFBSoNL
— Rosanna (@RosannaMrtnz) December 20, 2021
Според првичните информации, киднаперот и бил познат на полицијата по психичките проблеми и сакал да разговара со францускиот министер за правда, Ерик Дупон Морети.
Морети ги известил специјалците дека им стои на располагање.