Рум топчиња со бадеми и лешници

Рум топчиња со бадеми и лешници

пред 3 години

Потребни состојки:

  • 150 гр чоколадо
  • 50 гр путер
  • 150 гр (мешано) мелени лешници и бадеми или наместо бадеми ако некој сака ф’стаци
  • четири лажици рум
  • две лажици шеќер, ви препорачуваме кафеав

Подготовка: 

Чоколадото и путерот растопете ги на пареа. Додадете мелени лешници и бадеми и соединете ја смесата. Две лажици рум и шеќер грејте ги сè додека не раствори шеќерот, Потоа оставете ја смесата да се излади. Откако ќе се изладат, додадете ја во преходно направената чоколадна смеса и сето тоа добро промешајте го. Додадете уште две лажици рум, соединете и обликувајте ја масата во топчиња. Оставете ги топчињата во фрижидер неколку часа да се стегнат. Свиткајте ги во какао или цимет, мелени бисквити, шеќер во прав или стопено чоколадо.

Share
Scroll to Top