Татко и два сина од Пенсилванија изгореа во пожар, а сопругата со најстариот син успеала навреме да побегне. Во пожарот изгореле и двете семејни кучиња.
– Доказите се многу јасни, новогодишните сијалички ја запалиле елката. Беше вистинско дрво, и многу брзо гори – изјави началникот на полицијата во Квекертаун, Скот МекЕлири.
Пожарот го уништил домот на семејството Кинг како и соседната куќа со која била поврзана. Соседното семејство успеало да избега навреме и да се спаси.
Семејството Кинг било многу активно во заедницата. Граѓаните донираа 350.000 долари за семејството во рок од еден ден.
– Ова е вистински хорор. Тоа ќе влијае на сите нас, на нашата заедница, особено на семејството, на децата во училиштата и на сите што ги познавале – рече МекЕлири.