Епл ги затвори сите продавници во Њујорк

Епл ги затвори сите продавници во Њујорк

пред 3 години

Компанијата Епл ги затвори сите 12 продавници во Њујорк, откако се зголеми бројот на заразени од најновиот сој омикрон ширум Соединетите американски држави. Меѓу нив се продавниците на Петта авенија, Гранд Центал и Сохо, каде компанијата остваруваше најголема продажба, пренесува Ројтерс.

Портпаролот на компанијата изјави дека потрошувачите ќе можат да купуваат и да добиваат роба со праќање на онлајн нарачка до продавниците.

„Редовно ја следиме ситуацијата и ги прилагодуваме нашите здравствени мерки и услуги на продавниците, за да го заштитиме здравјето на купувачите и работниците“, стои во соопштението на компанијата.

Претходно овој месец, Епл привремено затвори три продавници во САД и Канада, исто така поради зголемениот број на ковид случаи, со цел да ги заштити вработените од заразата. Поради тоа, компанијата воведе обврска сите купувачи и вработени да носат маски во продавнциите во САД. А покрај Епл и други компании ги заострија протоколите.

Акциите на Епл во понеделникотпораснаа за 2,3 %. Тие го заклучија тргувањето на 18,33 долари.

Судот во САД претходно овој месец наложи повторно воведување на задолжителна вакцинација или тестирање на Ковид – 19 во земјата за големите компании, што опфаќа дури 80 милиони американски работници. Противнците на оваа мерка поднесоа барање до Врховниот суд да ја поништи оваа одлука.

 

Share
Scroll to Top