Поранешниот италијански фудбалер Кристијан Виери, за Кориере дела Сера рече дека на Италија ќе ѝ биде тешко да ја победи Македонија во баражот за Светско.
„Западнавме во голема неволја. Ќе биде многу тешко да се победи Македонија и после Турција или Португалија на гости. Ќе има неверојатен притисок а со сиот тој притисок е многу тешко да се игра“, рече Виери, кои додаде дека без оглед на се, италијанската репрезентација има потенцијал да стигне на Светското.
„Дечките освоија големо Европско, знаат колку вреди и тежи дресот на аѕурите. Повторувам, треба еден клучен чекор: на Европско немаше моралност да се победи, доволен беше еден убав турнир и убав фудбал. Сега мора да поминеш две кола без многу разговор. Италија на Светско мора да биде. Повторувам, расте притисокот и ќе ја видиме издржливоста на сите дечки“, додаде Виери.
За потсетување, Виери досега има настапувано во дресот на Интер, Јувентус, Лацио и Атлетико Мадрид. Серга е во пензија, но, е доста активен на социјалните мрежи, а е викан и како стручен коментатор по разни медиуми.