Казни за 46 возачи за непропуштање на пешаци

пред 3 години

Во текот на вчерашниот ден во периодот од 09.00 до 13.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на пешаци, при што се санкционирани 46 возачи.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, велат од МВР.

Апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.