Куче го греело телото на повреден планинар цели 13 часа

пред 3 години

Хрватската планинска спасувачка служба соопшти дека е завршена една од најтешките спасувачки операции кои ги организирала и дека е спасен повреден планинар кој се лизнал низ падина од 150 метри на највисокиот врв на Велебит (Вагански врв).

Во акцијата учествувале 27 спасувачи од Госпиќ, Задар, Сплит и Истра. Повредениот планинар се наоѓал на многу непристапен терен, а акцијата за спасување траела речиси девет часа.

Спасувачите објавија и детал на Фејсбук кој ги воодушеви сите. Имено, заедно со планинарот се лизнало и неговото куче. Тоа не било повредено и се свиткало покрај планинарот, греејќи го со своето тело цели 13 часа.

„Од овој пример, сите можеме да научиме како да се грижиме еден за друг“, напишале спасувачите.

Share
Scroll to Top