Српскиот член на претседателството на БиХ со соработниците ја запеа песната „Метар од нашето село, Америка цела“, по воведувањето на санкциите против него од страна на САД.
Видеото од дружбата е објавено на официјалниот профил на партијата на Додик, СНСД.
?? Али метар НАШЕГ села, Америка цела❗@KovacevicRaso @BursacNovakovic @DenisSulic pic.twitter.com/TjJnH0bwJz
— СНСД (@SNSDDodik) January 5, 2022
Американската администрација вчера ја прошири „црната листа“ на која повторно се најде Додик под санкции на САД. Тој рече дека ваквиот потег не може да промени ништо, со оглед дека не планирал да патува во САД, но и нема банкарска сметка или имот во таа земја.
Претходно денеска, српскиот претседател, Александар Вучиќ најави дека на 10 или 11 јануари ќе разговара со Додик и со претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ за актуелната состојба и порача дека Србија не се согласува со санкции и во никој случај нема да спроведе санкции против припадниците на својот народ и претставниците на српскиот народ во БиХ и Република Српска.