Кои се симптомите на омикрон?

пред 3 години

Со сè повеќе случаи на омикрон ширум светот, граѓаните и научниците се обидуваат да ги разликуваат симптомите на оваа нова варијанта од симптомите на другите варијанти на коронавирус, вклучително и делта.

Повеќето ПЦР тестови и брзи антигени можат да детектираат омикрон – Управата за храна и лекови на САД забележа дека има само неколку тестови што не го прават тоа – но резултатите не му покажуваат на корисникот со која варијанта е заразен.

„Њујорк Тајмс“ разговараше со неколку експерти и дава одговори на најчесто поставуваните прашања за омикрон.

Дали симптомите на зараза со омикрон се разликуваат од симптомите на делта?

Прелиминарните податоци покажуваат дека има одредени разлики во симптомите, но експертите не се сигурни дали тие се значајни. Податоците објавени во декември од најголемиот приватен здравствен осигурител во Јужна Африка сугерираат дека Јужноафриканците со омикрон често имаат чувство на гребење во грлото или болки во грлото заедно со затнат нос, сува кашлица и болки во мускулите, особено болки во долниот дел на грбот.

Но, сите овие се и симптоми на делтата и изворниот коронавирус, рече Ешли З. Ритер, професор на Универзитетот во Пенсилванија. Имајќи предвид дека омикрон циркулира само неколку недели, додаде таа, „прерано е да се каже дека има некаква разлика во симптомите помеѓу него и претходните варијанти“.

„Веројатно има многу преклопувања помеѓу омикрон и претходните варијанти бидејќи тие во основа го прават истото“, вели Ото О. Јанг, лекар за заразни болести на Универзитетот во Калифорнија, Лос Анџелес. „Ако има разлики, тие веројатно се прилично суптилни“.

Една од можните разлики е тоа што омикронот може да предизвика помалку губење на вкусот и мирисот од претходните варијанти. Истражувањата покажуваат дека 48 отсто од пациентите со изворниот вид САРС-КоВ-2 пријавиле губење на мирис и 41 отсто губење на вкусот, но анализата на епидемијата на омикрон кај вакцинираните луѓе во Норвешка покажа дека само 23 отсто пријавиле губење на вкусот, а само 12 проценти пријавиле губење на мирис. Сепак, не е јасно дали овие разлики се должат на омикрон или некој друг фактор, како што е статусот на вакцинација.

Дали омикрон предизвикува повеќе гастроинтестинални тегоби или замор од другите варијанти?

Некои од најпопуларните онлајн пребарувања поврзани со симптоми на омикрон вклучуваат „гадење“, „дијареа“ и „замор“, но овие симптоми не се нови за оваа варијанта.

Мачнината отсекогаш била вообичаен симптом на Ковид, така што истото важи и за омикрон, рече др. Џенифер Лајтер, епидемиолог и специјалист за педијатриски инфективни болести, за „Њујорк Тајмс“. Центрите за контрола и превенција на болести наведуваат гадење и повраќање како доминантни симптоми на вирусот.

Луѓето со омикрон имаат поголема веројатност да пријават симптоми како гадење бидејќи губењето на мирисот е поретко, вели Ендрју Пекос, професор по молекуларна микробиологија и имунологија на Школата за јавно здравје Џон Хопкинс Блумберг. Посветуваат повеќе внимание на поблагите симптоми како гадење и вртоглавица бидејќи не се фокусирани на наглото губење мирис, додаде тој.

Гастроинтестиналните симптоми се почести кај децата отколку кај возрасните, рече др. Полесни, но може да се јават и кај возрасните. Вирусот може да зарази некои клетки во гастроинтестиналниот тракт на пациентот, што доведува до стомачни проблеми како што е дијареа, рече д-р. Пекош. Респираторните инфекции генерално може да предизвикаат луѓето да произведуваат повеќе слуз додека кашлаат, а голтањето на слузта потоа може да го иритира и вознемири желудникот.

Заморот е еден од најчестите симптоми на Ковид, како кај омикрон, така и кај претходните варијанти на вирусот, рече др. Полесни. Меѓутоа, ако некој има симптоматски ковид, заморот обично нема да биде единствениот симптом.

За да го разликувате заморот поврзан со Ковид од општ замор или исцрпеност, обрнете внимание на тоа дали доаѓа поненадејно, рече др. Пекош. „Во текот на денот стануваме исцрпени“, рече тој, „но ако исцрпеноста се зголеми силно и нагло, тоа е знак дека не е само прашање дали сте го испиле утринското кафе“.

Дали симптомите на омикрон се различни ако сте вакцинирани?

Многу симптоми на коронавирус варираат во зависност од статусот на вакцинација на лицето. Маја Н. Кларк-Кутаја, доцент на колеџот за медицински сестри Мејерс во Њујорк, рече дека вакцинираните пациенти со делта или изворен коронавирус обично имаат главоболки, конгестија, притисок во синусите и болка во синусите, додека невакцинираните пациенти имаат поголема веројатност да имаат потешкотии со дишењето и кашлање, заедно со други симптоми слични на грип.

Кларк-Кутаја изјави за Oмикрон дека пациентите со кои разговарала во Пенсилванија имале симптоми слични на делта.

„Вакцинираните пациенти со омикрон се жалат на главоболки, болки во телото и треска, како на многу тешка настинка“, рече таа.
Невакцинираните луѓе ги имаат истите симптоми, како и отежнато дишење и кашлица.

Колку време е потребно за да се појават симптомите?

Се чини дека Омикрон има пократко време на инкубација од другите варијанти – штом лицето е изложено, потребни се само три дена за да развие симптоми, да стане заразен и да се тестира позитивно – во споредба со четири до шест дена кај делта и другите видови на коронавирус, вели доктор Валид Џаваид, директор за превенција и контрола на инфекции во „Маунт Синај Даунтаун“ во Њујорк. Ова може да биде затоа што мутациите помагаат да се врзат за клетките и да влезат во нив, додаде тој.

Дали омикрон е поблаг од другите варијанти?

Некои охрабрувачки нови истражувања покажуваат дека омикронот предизвикува помало оштетување на белите дробови, што резултира со помалку тешка болест од претходните варијанти на вирусот. Раните докази од Европа, исто така, сугерираат дека омикрон предизвикува поблаги симптоми. Во декември, три одделни истражувачки тимови заклучија дека луѓето заразени со омикрон имаат помала веројатност да завршат во болница.

Според податоците од Јужна Африка, по контролата на статусот на вакцинација, ризикот од хоспитализација на возрасни дијагностицирани со омикрон бил за 29 отсто помал отколку во првиот бран на пандемијата, а хоспитализираните пациенти со омикрон имале помала веројатност да завршат на интензивна нега.

Но, набљудувањата на Јужна Африка можеби не се однесуваат на други земји. Повеќето Јужноафриканци веќе се заразени со коронавирус, а просечната возраст во Јужна Африка е 27 години – што може да предизвика поблаги клинички слики, рече д-р. Јанг. Податоците исто така покажаа дека иако децата имале благи симптоми, веројатноста да бидат хоспитализирани била за 20 отсто поголема за време на бранот на омикрон во споредба со првиот бран, пишува „Њујорк Тајмс“.

„Има луѓе кои добиваат тешка болест“, рече др. Џаваид. Тој вели дека понекогаш благите симптоми може да прераснат во сериозни симптоми, па затоа е клучно луѓето со симптоми на настинка да се тестираат и да останат дома. „Тоа сè уште е коронавирус. Сè уште сме во пандемија“, заклучи тој.

Share
Scroll to Top