Најмалку шест лица загинаа, а 33 се повредени во тепачка меѓу ривалски банди во затвор на Филипините, соопштија утрово властите на таа земја.
Насилството изби во затворот Калокан каде има околу 1.900 затвореници.
Властите започнаа истрага за тоа што ги предизвикало немирите. Не е познато какво оружје употребиле затворениците во пресметката.
Засилено е обезбедувањето за да се воспостави ред во затворот, пренесуваат агенциите.