Шведската армија денеска соопшти дека ги интензивира своите видливи активности на островот Готланд во Балтичкото Море.
Готланд, најголемиот остров во Шведска, е стратешки важен и се наоѓа на околу 330 километри од Калининград, седиштето на Балтичката флота на Русија, објави Ројтерс.
Шведска не е членка на НАТО, но има блиски врски со Атлантската алијанса и ги зајакнува своите вооружени сили по децении запоставување во услови на зголемена загриженост поради руското „штракање со оружје“ во регионот на Балтичкото Море, објави Ројтерс.