Германија ќе овозможи вакцинирање за сите возрасни од јуни

пред 3 години

Германија ќе стави крај на практиката за вакцинирање на ранливи групи од 7 јуни и ќе им обезбеди на сите возрасни бесплатни вакцини, изјави денеска германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

„Одлуката за укинување на приоритетите во германската кампања за вакцинација не значи дека сите ќе бидат вакцинирани веднаш во јуни“, рече Шпан, укажувајќи на постојните логистички проблеми. Сепак, тој го повтори ветувањето на владата дека секој граѓанин што сака да се вакцинира ќе може да ја прими вакцината во текот на летото. Тој додаде дека властите разговараат кога и како да се дозволи вакцинирање на деца и млади на возраст од 12 до 16 години.

Европската агенција за лекови (ЕМА) има намера да ја одобри вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ во јуни за оваа возрасна група и можно е тоа да се случи кон крајот на овој месец.

Share
Scroll to Top