(Видео) Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, порача Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер

пред 3 години

Потребно е враќање на довербата меѓу двете влади, со цел засилување на добрососедските односи и политичкиот дијалог за почувствителните прашања. Ова го истакна претседателот Стево Пендаровски на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков, кој престојува во официјална посета на земјава.

Пендаровски на средбата изрази поддршка за започнатиот дијалог меѓу двете влади, конкретните предлози, како и намерите за интензивирање на разговорите во наредниот период.

„Надминувањето на меѓусебните недоразбирања е важно за напречено одвивање на македонските евроинтеграциски процеси, како и за неутрализирање на растечкиот евроскептицизам и негативните тенденции во регионот“, порача Пендаровски.

Тој потврди дека Северна Македонија има силна политичка волја да го продолжи дијалогот, со цел изнаоѓање компромисно решение за отворените прашања. Според него, отпочнувањето на пристапните преговори со Европската Унија ќе претставува придобивка за просперитетот и стабилноста на целиот регион. Тоа дополнително ќе влијае на унапредување на соработката во економијата, трговската размена, инфраструктурното поврзување како и соработката во областите на образованието, здравството и културата.

Share
Scroll to Top