Полицијата синоќа привела 31-годишен скопјанец поради неколку кражби во Чаир.
Приведениот М.Ф.(31) се сомничи дека извршил една тешка кражба од сендвичарница, при што одзел пари, две кривични дела “тешка кражба“ во обид, како и две кривични дела „оштетување на туѓи предмети“.
По целосно документирање на случајот против него ќе следи кривична пријава.