„Поново” е последната песна на Аки Рахимовски и кај нас ексклузивно ќе се емитува во 15 часот на шест радио станици. Метрополис Радио Мрежа, Бубамара, Скај радио, Супер радио од Охрид, како и на две интернет-радио станици – Анторис радио и радио Мост во исто време ќе ја објавта песната.  Кроација рекордс и  „Парни ваљак” во спомен на Аки ја покренаа иницијативата преку која, на посебен начин, се простуваат од Рахимовски. Повеќе од 150 регионални радио-станици во исто време ќе го емитуваат синглот и на тој начин ќе испратат последен поздрав до музичкиот великан.Синглот „Поново”, е на Хсеин Хасанефендиќ Хус и требаше да го најави новиот албум на Парни ваљак и за нивната скорешна голема турнеја…

googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });

– Најзначајниот рок бенд на нашите простори со песната „Поново” се збогува со човекот чиј живот беше музиката, кој со својата неуништлива енергија стана синоним за врвен фронтмен и пример за генерации. Аки наеднаш не напушти, но неговиот дух и глас ќе останат засекогаш впишани во сите нас кои пораснавме со „Парни ваљак”, се заљубивме, се смеевме и плачевме, се вели во заедничкото соопштение на Кроација рекордс и на „Парни ваљак”.

Вчера, на Градскиот плоштад во Скопје, пред „Пелистер”, на Аки му беше оддадена почит со отворање Книга на жалост, а се пуштаа и Парни ваљак.

Фото: С.Хујзак