(Видео) Најмалку 24 лица загинаа во лизгање на земјиште во Еквадор, 12 се водат за исчезнати

пред 3 години

Најмалку 24 лица загинаа во огромен одрон во Кито, главниот град на Еквадор. Повредени се 48 лица, а 12 се водат како исчезнати.

Обилните дождови предизвикаа лизгање на земјиштето во близина на работничките населби во Кито во понеделникот вечерта, објави „Ројтерс“.

Кал и камења паѓале низ падините на вулканот Пичинча над градот и однеле осум куќи, детско игралиште и паркирани автомобили.

Метеоролозите соопштија дека количината на дожд е речиси 40 пати поголема од прогнозата, а градоначалникот Гвардерас изјави дека толкава количина на врнежи во градот не е забележана од 2003 година.

Локалните служби за вонредни состојби објавија драматично видео на кое се гледаат последиците од поплавата, а властите не ја исклучуваат можноста за појава на нови одрони.

Share
Scroll to Top