Кремљ денеска ќе соопшти дали и кога Владимир Путин ќе разговара телефонски со Борис Џонсон

пред 3 години

Официјален Кремљ денеска соопшти дека ќе објави детали дали и кога рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара телефонски со британскиот премиер Борис Џонсон и дека Путин е подготвен да разговара со сите, вклучително и со „целосно збунетите“.

Путин и Џонсон требаше да разговараат во понеделник, но Џонсон мораше да го одложи разговорот поради внатрешно политички проблеми, пренесува Ројтерс.

Џонсон отпатува во Украина во вторникот, каде го обвини Путин дека и вперил пиштол во главата на Украина, во обид насилно да ја промени европската безбедносна архитектура.

Share
Scroll to Top