Денеска во Пекинг беше отворена 24. Зимска олимпијада. Олимпијадата официјално ја отвори кинескиот претседател Кси Џинпинг а церемонијата се одржа на стадионот Птичјо Гнездо.
Поради ковид пандемијата и дипломатскиот бојкот на свечената церемонија присуствуваа мал број на гости. Ова беше најподелената Олимпијада во изминатите децении, откако голем број држави ги бојкотираа Игрите, обвинувајќи ја Кина за кршење на човековите права.
Германија, Австрија и Швајцарија ја наведоа пандемијата за да не испратат државни службеници во Пекинг додека САД, Велика Британија, Астралија, Канада и Индија се одлучија за дипломатски бојкот. Рускиот претседател Владимир Путин го удостои својот кинески колега и се појави на свечената церемонија.
На Игрите под строги ковид протоколи ке настапат 2900 спротисти од 91 држава, а ќе се натрепаваруваат во 15 дисцилипни. На отворањето на сцената од 11.600 квадратни метри се појавија 3.000 изведувачи.
Сцената беше направена од ЛЕД екран во висока резолуција, што оставаше впечаток на ледена површина. Поради ниските температури под нулата како и одлуката на организаторите да не продаваат билети поради ширењето на коронавирусот овој пат отворањето се одржа пред мал број гледачи.
И во иднина Олимпијадата ќе се одржува во затворен меур, со цел олимпијците и персоналот да немаат контакт со кинеската јавност. Кинеската метропола стана првата која некогаш била домаќин и на летни и на зимски олимписки игри. Игрите ќе траат до 20 февруари .