Град Скопје: СДСМ за четири години не направи ништо за загадениот воздух во Скопје, 82 дена беа доволни да се исчистат над 150 диви депонии

пред 3 години

Градоначалничката Арсовска во предизборната кампања вети дека ќе бидат исчистени детектираните диви депонии кои придонесуваат за загадување на воздухот кој го дишат скопјани и токму тоа беше еден од главните приоритети кои се веќе реализирани. На новата градска администрација и беа доволни 82 дена да бидат целосно исчистени над 150 диви депонии кои што претставуваа извор на загадување за секое населено место, реагираат преку писмено соопштение од Град Скопје на обвинувањата на СДСМ дека Арсовска не ги реализирала важните проекти за Скопје.

„За дел од исчистените диви депонии постои можност за зазеленување на површините, а во наредниот период се отпочнува со реализација на новиот мега парк во општината Ѓорче Петров, токму на местото каде што во изминатите години беше една од најголемите депонии во Скопје на над 10 илјади метри квадратни. СДСМ да се посветеше на овој проблем во изминатите четири години, ќе знаеше точно кои се ингеренциите на Град Скопје во однос на депониите и кои се процедурите на решавање на дивите депонии на јавните површини и оние на приватни имоти. Но, за жал како и во минатото, продолжуваат да се служат со лаги и манипулации, за да ја покријат сопствената неспособност и фактот дека не можат да се помират со поразот од локалните избори е зошто секој ден континуирано се служат со напади и саботажи“, е истакнато во соопштението од оваа институција.

Инспекторатот на Град Скопје, додаваат од таму секојдневно е на терен се со цел лоцирање и санкционирање на сите кои што свесно и од лукративни побуди придонесуваат за загадување на воздухот.

Појаснуваат дека секој кој одлага кабаст отпад на јавна површина или пак приватен имот ќе биде соодветно санкциониран и Скопје нема повеќе да биде една голема депонија како што во изминатите четири години го претвори, како што велат, претходната локална власт предводена од СДСМ.

Главен императив на Град Скопје, потенцираат надлежните останува зголемувањето на зелените површини и разубавувањето на секое населено место каде што скопјани ќе можат да го поминат своето слободно време.

Share
Scroll to Top