Во Подгорица најавени протести поради прекројување на изборната волја на граѓаните, велат организаторите

пред 3 години

Пратеникот на Демократска Црна Гора Владимир Мартиновиќ денеска најави протестен митинг во Подгорица поради прекројување на изборната волја на граѓаните.

Мартиновиќ рече дека граѓаните чувствуваат голема неправда и големо незадоволство поради предавството што беше запечатено со смената на Алекса Бечиќ. Тој најави дека функционерите на демократите денеска во 18 часот ќе се соберат во храмот Христово Воскресение каде, како што рече, мирно и достоинствено ќе го изразат демократското и уставно загарантираното право заедно со граѓаните да го изразат незадоволството.

Изборната волја на граѓаните од коалицијата Црно на бело, која формира ново мнозинство со Демократската партија на социјалистите (ДПС) е променета“, рече Мартиновиќ.

Според него, тој чин е спротивен на Уставот, изборната волја и сите демократски принципи, пренесуваат тамошните медиуми.

Share
Scroll to Top