Франческо Флаки, по 12 години суспензија, повторно играше фудбал

Франческо Флаки, по 12 години суспензија, повторно играше фудбал

пред 3 години

италијанскиот фудбалер Франческо Флаки на 46 години повторно играше професионално фудбал, откако ја издржа суспензијата од 12 години. Тој настапи Сиња, клуб од петтата италијанска лига.

Во 2009 година, Флаки беше позитивен на кокаин, поради што доби 12-годишната казна и забрана професионално да се занимава со фудбал. Ова беше втора ваква казна за Флаки, откако во 2007 година исто така беше позитивен на кокаин, но тогаш доби две години суспензија.

Според „Газета дело Спорт“, враќањето на Флаки на фудбалот предизвикало голем интерес кај публиката, па натпреварот на Сиња го следеле повеќе од 700 навивачи, а претходно немало ни 300 гледачи на трибините. Навивачите го пречекале со транспаренти, песни и скандирање за поддршка. Флаки требаше да дебитира кон средината на јануари, но поради короната, натпреварите од петтата лига беа откажани.

„Овој ден ги поништува 12 години неактивност поради суспензијата. Ова е моето повторно раѓање, но истовремено е доказ дека успеав да се реконструирам како човек“, рекол фудбалерот по натпреварот.

Флаки пред суспензијата настапуваше за Фиорентоина, Бреша и Сампдорија. Тој е впишан во историјата на Сампдорија и во моментов е третиот најдобар стрелец на клубот со 110 голови на 280 одиграни натпревари.

Share
Scroll to Top