Канада ќе донира оружје и разни други сегменти за поддршка на украинските вооружени сили, соопшти денеска канадското Министерство за национална одбрана.
„Оваа опрема вклучува митралези, пиштоли, карабини, 1,5 милиони парчиња муниција, снајперски пушки и различна придружна опрема“, се наведува во соопштението, а пренесува руската агенција ТАСС.
Канадскиот премиер Џастин Трудо претходно изјави дека официјална Отава одлучила да и обезбеди на Украина смртоносно оружје во вредност од 7,8 милиони канадски долари.
Според него, одлуката е донесена по консултации со Украина.
Според ТАС С, Западот и Киев неодамна повторија предупредување за потенцијална руска инвазија на Украина, а портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, постојано ги опиша таквите тврдења како „празни и неосновани“.
Според него, ваквите наводи служат како трик за ескалација на тензиите.
Песков, сепак, предупреди дека обидите за употреба на воена сила за решавање на кризата во југоисточна Украина може да имаат сериозни последици.