Трас: Путин може со месеци да ја одложи кризата во Украина

пред 3 години

Рускиот претседател Владимир Путин би можел да ја одложи кризата во Украина со месеци во обид да го оспори единството на Западот, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„ Во моментов нема докази дека Русите се повлекуваат од пограничните региони во близина на Украина“, напиша Трас во авторска статија за „Дејли телеграф“, додавајќи дека групирањето на руската армија не покажува знаци на забавување.

„ Русија би можела да го одложи ова многу подолго, трошејќи недели, ако не и месеци, за да ја поткопа Украина и да го оспори западното единство“ наведува Трас.

Британскиот министер за одбрана Џејмс Хипи за Би-Би-Си изјави дека Русија ги продолжува подготовките за можна инвазија и дека се поставени мостови преку реката Припјат во близина на белоруско-украинската граница.

Русија соопшти дека Западот е зафатен од хистерија и русофобија, а Москва ги исмеа тврдењата на шефовите на американските безбедносни сили дека инвазијата на Украина е неизбежна. Руското Министерство за одбрана објави и видео на кое се гледа враќањето на војниците во базата по вежбите.