Повеќе од 200.000 британски домаќинства без струја

пред 3 години

Над 200.000 британски домаќинства и утринава не добија струја, откако вчера невремето исфрли повеќе од милион домаќинства од електродистрибутивната мрежа, соопшти британската електродистрибутивна компанија.

Жестоката бура во Атлантикот донесе рекордно силни ветрови во Велика Британија со налети до 196 километри на час.

Три лица загинаа и беа предизвикани нереди низ целата земја, а уште најмалку шест смртни случаи беа пријавени во Ирска, Белгија и Холандија, пренесува Ројтерс.