Рускиот претседател Владимир Путин во денешниот телефонски разговор со неговиот француски колега Емануел Макрон изјави дека причина за ескалацијата на ситуацијата во Донбас се провокациите на украинските сили, соопшти Кремљ.
Путин посочи и дека НАТО и доставува оружје на Украина и ја охрабрува воено да ја реши ситуацијата во Донбас, пренесува РИА Новости.
Телефонскиот разговор меѓу Макрон и Путин траел еден час и 45 минути, соопшти Елисејската палата.
Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, ги претставува „последните можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.